10.11.17

По повод Месецот на книгата во нашето училиште се одржа литературен конкурс на тема „Книгата- извор на сите мудрости“. По тој повод денес во училишната библиотека се одржа литературно читање и беа доделени награди и пофалници на учесниците на конкурсот.  Освен конкурсот се рализираше и акцијата „Дарувај книга“, во која учениците донираа книги во училишната библиотека.




2.11.17


Михаела Здравковска овогодинешен претставник на јубилејните 50-ти по ред Детски Рацинови средби во Велес. Честитки!



24.10.17

Во нашето училиште, денес,  во соработка со претставници на МВР беше формиран Клуб за превенција. Клубот брои 25  ученика од осмо и деветто одделение. Според планот и програмата ќе бидат опфатени теми од различни области: детски права, заштита на податоци, насилство, зависности, сообраќај и сл. Членовите од Клубот ќе учествуваат два пати во месецот во работилници, дебати, презентации и сл. во соработка со одговорните претставници од МВР. Овој проект се реализира во повеќе основни и средни училишта во различни општини 




12.10.17

На 06.10.2017 год. во Градската библиотека " Браќа Миладиновци" Скопје се одржа XVIII Општински натпревар "Млади библиотекари". Од нашето училиште учествуваше ученичката Мила Младеновска IX 2 одд., под менторство на библиотекарот Виолета Трпевска. Мила го освои второто место со што се пласираше за учество на XVIII Државен натпревар "Млади бибилиотекари" кој ќе се одржи на 03.11.2017 год. во Ресен. Им посакуваме успех во понатамошното натпреварување!

9.10.17

Благодарници за учество во Проект за хумани вредности ( ПХВ)
Од 2-6. Октомври секоја година се одбележува недела на ПХВ. По тој повод од страна на Црвениот Крст на г.Скопје во Музејот на град Скопје се одржа свечено доделување  благодарници на активисти кои зедоа учество во реализација на мали ПХВ проекти. Учениците Дамјан Николовски, Надица Велковска, Михаела Здравковска, Дарио Димитровски и Тамара Пецевска беа организатори на голем број хуманитарни акции и успешно го реализира својот ПХВ проект под менторство на наставникот Биљана Илиева.

27.9.17

На распишаниот општински конкурс на Црвениот Крст на ОКВ на тема ,,Различности не постојат“ учениците од нашето училиште ги освоија првото, второто и тетото место. ЧЕСТИТКИ за учениците и нивните ментори!
 Симона Трајкоска( ментор: Р. Трајковска), Михаела Здравковска, Ангела Крстевска (ментор м_р В.Трајкоска)




17.5.17


На VIII меѓународен натпревар за компјутерски цртеж " Творичество без граници" во Хасково, Бугарија, ученичката Сара Милеска од VIII-1 одделение го освои БРОНЗЕНИОТ МЕДАЛ. Честитки за освоената награда!

16.5.17

Резултати за пофалба!






Резултати од саботниот натпревар ,,Детски семафор,,
Екипен пласман:
Прво место  ООУ,,Св.Климент Охридски,,-с.Драчево
Второ место ООУ,,Рајко Жинзифов,,-Драчево
Трето место ООУ,,Невена Георгиева-Дуња,,-Кисела Вода


Поединечен пласман:

Мала група девојчиња:
2.место Симона Трајкоска-оди на државен натпреват
6 место Ивона Митиќ
8 место Сара Стоева
10 место Мила Ѓорѓевска

Мала група машки:
2 место Виктор Василевски-оди на државен натпревар
4 место Александар Ајтов
5 место Дамјан Миноски
6 место Владо Златевски

Голема група девојчиња:
1 место Зорица Андовска-оди на државен натпревар
4 место Илина Јовановска

Голема група машки:
1 место Андреј Илиоски-оди на државен натпревар
2 место Стефан Јакимовски

Со среќа во понатамошните натпревари!

27.4.17

 Час по биологија надвор од училница 
Посета на Природо-научниот музеј и Зоолошката градина ( препорака на  новите наставни програми  Кембриџ за VIII одделение).











26.4.17

Признанија од фондацијата ,,Никола Кљусев" за нашите поетеси Стефанија Петреска и Стефанија Цветановска! Честитки!



21.4.17


На Меѓународниот натпревар за компјутерски цртеж на тема" Немаме резервна планета" објавен од ООУ " Васил Главинов" - Велес, ученичката Сара Милеска од VIII-1 одделение го освои 2 место.
Доделени дипломи од натпреварот под покровителство на Народна техника
Дипломите што ги освоија учениците кои се натпреваруваа на Градските смотри Народна техника, свечено им ги врачи директорката на училиштето Татјана Каранфиловска.
1награда - Борјан Георгиевски - Биологија
4 награда - Мартина Ѓорѓиевски - Екологија
4 награда - Јована Николоска - Конструкторство



Ема Трајчевска, ученичка од 6-1 одд. од нашето училиште е наградена на општинскиот литературен конкурс распишан од ООУ,, Круме Кепески" по повод Патрониот празник на нивното училиште за поетската творба на тема ,,Јазикот е мојата татковина". 
Честитки за младата поетеса!


20.4.17

Честитки за оркестарот предводен од наставникот Орце Лазарв, составен од ученици од ООУ ,,Св. Климент Охридски" и ООУ ,,Рајко Жинзифов" и за нашата ученичка  Ангела Димовска до 9-2 одд. за освоените први места на регионалните натревари и пласман  на државниот натпревар во Кавадарци.

13.4.17

Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме.

Манифестацијата на промена на државното знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја. На церемонијата приствуваа и наши ученици.