29.3.17

 25 -ти март е Светски ден за подигање на свеста за луѓето со детска парализа. Затоа во Капитол мол се одржа настан на кој учествуваа ученици од нашето училиште со ритмичка точка , а Мартина Ѓорѓиевска читаше поезија.



Настапот може да го проследите на следниот линг:
https://m.youtube.com/watch?
v=FO9L4bdbO6c&feature=share
Училиштето " Јахја Кемал" - н.Карпош организираше пролетен саем. На саемот се претставуваа ученици со интересни експерменти и иновации. Нашето училиште го претставуваа Борјан Георгиевски од 8-1 одд. и Васко Бојовски од 9-2 одд. под менторство на предметниот наставник Биљана Илиевски. Тие демонстрираа модел на бели дробови и симулација за да се види колку катран содржат белите дробови.




20.3.17

На 18.03 2017 во училиштето Лазо Ангеловски нашите ученички Ива Старделова и Зорана Димовска учествуваа на натпреварот по англиски јазик во организација на ЕЛТАМ, и освоија 6 и 8 место на  ниво на општина К. Вода.
Честит

10.3.17

Расадникот ОПИТНО ПОЛЕ со донацијата на 7 родни дрвца. Голема благодарност!
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1484803598198519&set=pcb.1484807824864763&type=3&theater
Училишниот оркестар се поднови со 11 нови мандолини кои се донација од проектот Мировен корпус. На нашиот училишен оркестар му посакуваме многу успеси во иднина!

4.3.17

Во рамките на градското првенство за кошаркарки кое се одржа од 17-23.2.2017 год.учество зема  и екипата на ООУ Св.Климент Охридски во состав:
Петранка Стојановска, Марта Ќулавковска, Марија Бујчиновска, Елена Коларовска, Сара Шуркова, Николина Најдоска, Михаела Ѓорѓиевска, Тамара Лазарова, Марија Наќевска и Симона Трајкоска.
Нашата екипа во групната фаза со три победи и еден пораз се пласираше на второ место и обезбеди пласман во полуфинале.
Полуфиналето се одигра на 27.3.2017г. нашите девојчиња во првиот натпревар загубија од фаворитот. Во борбата за трето место во еден неизвесен меч нашите децојчиња немаа среќа и завршија на четвртото место што е одличен успех.ЧЕСТИТКИ!







На ден 04.03.2017 во ООУ"Невена Георгиева-Дуња" се одржа општински натпревар по предметите: природни науки и биологија. Учество зедоа учениците: Ивона Арсовски,  Петар Крстевски и Давид Трајковски од 5-1 одделение, Никита Крковски, Стефанија Даниловска и Томи Блажевски од 5-2 одделение, Михаела Анчевска и Михаела Здравковска од 7-1 одделение и Марија Спирова од 8-1 одделение. Резултатите од натпреварот ќе бидат објавени во текот на следната недела.

2.3.17





Црвен крст во Акција-Промоција на хумани вредности”
(ЦКА-ПХВ) е проект кој со години континуирано се имплементира во нашата  земја од страна на Црвениот крст на град Скопје.
Преку овој проект волонтерите ( учениците) учат како да ги промовираат хуманите вредности кај своите врсници и во својата непосредна околина .
За таа цел во февруари 2017 год. во ЦК на Град Скопје, беа обучени 5 ученика од нашето училиште: Дамјан Николовски- лидер на тимот, Тамара Пецевска, Дарио Димитровски, Михаела Здравковска и Надица Велковска ученици од VIII одделение под менторство на Биљана Илиева – наставник по биологија.
Нивна задача е да организираат повеќе активности (акции) со цел прибирање парични средства кои ќе се употребат за точно определена ранлива категорија граѓани. Прва нивна организирана активност беше изработката и продажба на мартинки.

1.3.17

Предметниот наставник по биологија од нашето училиште,  Биљана Илиева, стана амбасадор на организацијата Scientix со седиште во Брисел. Scientix ги поддржува наставниците од областа на науката, технологијата, инженерството и математиката. Како амбасадор таа ќе ги промовира активностите на Scientix на локално и национално ниво. Честитки!
https://www.facebook.com/kliment.ohridski.d
Одбележан празникот Ксантика.....