24.10.17

Во нашето училиште, денес,  во соработка со претставници на МВР беше формиран Клуб за превенција. Клубот брои 25  ученика од осмо и деветто одделение. Според планот и програмата ќе бидат опфатени теми од различни области: детски права, заштита на податоци, насилство, зависности, сообраќај и сл. Членовите од Клубот ќе учествуваат два пати во месецот во работилници, дебати, презентации и сл. во соработка со одговорните претставници од МВР. Овој проект се реализира во повеќе основни и средни училишта во различни општини 




12.10.17

На 06.10.2017 год. во Градската библиотека " Браќа Миладиновци" Скопје се одржа XVIII Општински натпревар "Млади библиотекари". Од нашето училиште учествуваше ученичката Мила Младеновска IX 2 одд., под менторство на библиотекарот Виолета Трпевска. Мила го освои второто место со што се пласираше за учество на XVIII Државен натпревар "Млади бибилиотекари" кој ќе се одржи на 03.11.2017 год. во Ресен. Им посакуваме успех во понатамошното натпреварување!

9.10.17

Благодарници за учество во Проект за хумани вредности ( ПХВ)
Од 2-6. Октомври секоја година се одбележува недела на ПХВ. По тој повод од страна на Црвениот Крст на г.Скопје во Музејот на град Скопје се одржа свечено доделување  благодарници на активисти кои зедоа учество во реализација на мали ПХВ проекти. Учениците Дамјан Николовски, Надица Велковска, Михаела Здравковска, Дарио Димитровски и Тамара Пецевска беа организатори на голем број хуманитарни акции и успешно го реализира својот ПХВ проект под менторство на наставникот Биљана Илиева.