28.2.17





Денес, на 28.2.2017 год. директорката на нашето училиште Т. Каранфиловска и претседателката  на Здружението ГЛАМ Снежана Штрковска потпишаа меморандум за соработка. 
Координатор на образовната програма на Вики клубот е м-р Матилда Бајкова.
На денешната средба на  најдобрите и на најактивните викепедијанци од Вики клубот им беа доделени награди. Честитки за Ема Трајчевска и Ирина Петрушевска!


27.2.17


Нашите математичари постигнаа одлични резултати на општинскиот натпревар по математика кој се одржа на 25.2.2017 година.
Им честитаме за постигнатиот успех на нашите ученици и нивните ментори!


 

24.2.17

Кошаркарките од нашето училиште обезбедија пласман во полуфиналето откако победија на вчерашниот натпревар против ОУ Кузман Јосифовски Питу  од ОКВ со резултат 20:15. Претходно играа со тимовите од ОУ Кузман Шапкарев, ОУ Рајко, Жинзифов,, и ОУ Ѓорѓија Пулевски.

22.2.17


Ученици кои се пласираа на училишните натпревари по математика и си  обезбедија учество на општинскиот натпревар по математика кој ќе се одржи во ОУ ,,Круме Кепески" на 25.2.2017 г.

21.2.17


Дел од учениците од седмо и осмо одделение реализираа посета на Крушево. Посетата беше реализирана во соработка со Советот на родители на паралелките како планирана активност од проектот на МОН,,Заедничка грижа за учениците-соработка со родители". Проектот наидува на се` поголема поддршка кај родителите и ја зајакнува соработката меѓу учениците, наставниците и родителите.

11.2.17

Одличен настап на нашите ученички:Мартина Ѓорѓиевска, Стефанија Цветановска, Михаела Здравковска од 7-1 одд.и Симона Трајкоска по повод десетгодишниот јубилеј во ОКВ од одбележување на 21_ви Февруари-Светски ден на мајчинниот јазик!










Монологот можете да го погледнете на следниот линг:

https://www.youtube.com/watch?v=mYjum7z96f8&t=14s
Ќе Ве почестиме со сеќавања од страниците nа стариот дневник, со топла прегратка, широка насмевка и зборови за душата. Ви го претставуваме нашиот прв документарен запис, филмот првенече, работен со многу љубов од учениците во нашето училиште.
Голем удел во снимањето на овој документарен запис даде и г-от Борис Коларовски-наставник по музичко образование во пензија!
Документарниот филм премиерно беше емитуван на свеченоста по повод одбележувањето на двата јубилеја-90/70 години!


8.2.17



Известување за меѓуодделенскиот натпревар по англиски јазик за деветто одделение од учебната 2016/2017.
Датум на одржување на натпреварот: 08.02.2017
Реализатор: Наташа Старделова- наставник по англиски јазик

Цели и задачи:
Селекција на најдобри ученици од 9 то одделение за учество на градски и регионални натпревари.
Поттикнување,  мотивација и меѓусебен натпревар на ученици со напредни познавања на англискиот јазик.
Мотивација за себеизградување и напреднување кај талентираните ученици.
Тек на натпреварот:
Наташа Старделова- наставник по англиски јазик,  селектираше 12 ученика од деветто одделение кои беа тестирани.
Од селектираните ученици сите го завршија тестот во определеното време. Најдобри резултати покажаа: Димитар Сарафиловски  9-2 со 49 од можни 60 бода, Ива Старделова, 9-1,  49/60, Михаил Наумовски 46, Зорана Димовска, 45 и Лука Соколовски 44.

6.2.17

С О О П Ш Т Е Н И Е

Основното училиште Св. Климент Охридски по повод 21-ви Февруари –Денот на мајчиниот јазик распишува УЧИЛИШЕН литературен и ликовен конкурс  за учениците од III-IX одделение на тема: ,,Најдобар начин да ја предвидиш својата иднина е да ја создадеш,,.
Творбите да се достават кај одговорните наставници најдоцна до 14-ти ФЕВРУАРИ 2017.

Најуспешните ликовни и литературни творби ќе бидат наградени со симболични награди, по три ликовни творби и три литературни творби во одделенска настава и во предметна настава.

1.2.17



Преку драматизација на прозните дела им ја доближуваме месечната лектира на младите читатели. Се идентификуваме со ликовите, темата ја правиме поразбирлива, а идејните пораки ги применуваме во секојдневниот живот.
Преку фотографии дел од драматизациите на лектирата ,, Улавите години,, со учениците од седмо одделение.


За време на зимскиот распуст за вработените од нашето училиште беа реализирани две обуки. Првата обука ,,Наставникот како лидер во училницата,, беше реализирана на 11.1.2017, а втората ,, Ние сме визуелни,, беше реализирана на 20.1.2017. Реализатор на втората (интерна) обука беше предметниот наставник Г.С. Анѓелковска.