27.4.17

 Час по биологија надвор од училница 
Посета на Природо-научниот музеј и Зоолошката градина ( препорака на  новите наставни програми  Кембриџ за VIII одделение).











26.4.17

Признанија од фондацијата ,,Никола Кљусев" за нашите поетеси Стефанија Петреска и Стефанија Цветановска! Честитки!



21.4.17


На Меѓународниот натпревар за компјутерски цртеж на тема" Немаме резервна планета" објавен од ООУ " Васил Главинов" - Велес, ученичката Сара Милеска од VIII-1 одделение го освои 2 место.
Доделени дипломи од натпреварот под покровителство на Народна техника
Дипломите што ги освоија учениците кои се натпреваруваа на Градските смотри Народна техника, свечено им ги врачи директорката на училиштето Татјана Каранфиловска.
1награда - Борјан Георгиевски - Биологија
4 награда - Мартина Ѓорѓиевски - Екологија
4 награда - Јована Николоска - Конструкторство



Ема Трајчевска, ученичка од 6-1 одд. од нашето училиште е наградена на општинскиот литературен конкурс распишан од ООУ,, Круме Кепески" по повод Патрониот празник на нивното училиште за поетската творба на тема ,,Јазикот е мојата татковина". 
Честитки за младата поетеса!


20.4.17

Честитки за оркестарот предводен од наставникот Орце Лазарв, составен од ученици од ООУ ,,Св. Климент Охридски" и ООУ ,,Рајко Жинзифов" и за нашата ученичка  Ангела Димовска до 9-2 одд. за освоените први места на регионалните натревари и пласман  на државниот натпревар во Кавадарци.

13.4.17

Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме.

Манифестацијата на промена на државното знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја. На церемонијата приствуваа и наши ученици.



11.4.17

На регионалниот натпревар по математика ученичката Мхаела Анчевска од 7-1 одд. освои трето место(ментор: Емилија Филиповска). Исто така и ученикот Димитар Николовски од 9-3 одд. освои трето место, а ученикот Б. Анчевски од 8-1 освои пофалница. Ментор на двата ученика е Марија Лозаноска. Честитки за постигнатите резултати!

1.4.17

... На 58 -от градски натпревар Народна техника 2017 прво место со максимален број на поени освои Борјан Георгиевски од 8-1 одд., а Мартина Ѓорѓиевска  7-1 одд.и Јована Николоска 9-1 одд. освоија високо 4 место. Ментор- Биљана Илиева. Честитки за учениците за постигнатиот успех