2.3.17





Црвен крст во Акција-Промоција на хумани вредности”
(ЦКА-ПХВ) е проект кој со години континуирано се имплементира во нашата  земја од страна на Црвениот крст на град Скопје.
Преку овој проект волонтерите ( учениците) учат како да ги промовираат хуманите вредности кај своите врсници и во својата непосредна околина .
За таа цел во февруари 2017 год. во ЦК на Град Скопје, беа обучени 5 ученика од нашето училиште: Дамјан Николовски- лидер на тимот, Тамара Пецевска, Дарио Димитровски, Михаела Здравковска и Надица Велковска ученици од VIII одделение под менторство на Биљана Илиева – наставник по биологија.
Нивна задача е да организираат повеќе активности (акции) со цел прибирање парични средства кои ќе се употребат за точно определена ранлива категорија граѓани. Прва нивна организирана активност беше изработката и продажба на мартинки.